ДОБРОВОЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА НАСТАНИ

Во согласност со Уредбата 67/2023 и Регулативата (ЕУ) 376/2014, државата треба да воспостави систем за доброволно пријавување.

Системот за доброволно пријавување на настани е со цел да се олесни собирањето на податоци за безбедносни настани и други информации поврзани со безбедноста за кои известувачот смета дека претставуваат реална или потенцијална опасност по воздухопловната безбедност

кои можеби не се опфатени со системот за задолжително пријавување на настани.

Кој може да пријави настан?

Пријава за безбедносен настан може да достави секое лице директно или индиректно вклучено во воздухопловството, за настани за кои тие сметаат дека се непосредна или потенцијална опасност.

Настани кои може да се пријават

Оперативен дефект, дефект, грешка или друга неправилна околност која влијаела или може да влијае на безбедноста на воздухопловот, неговите патници или кое било друго лице. Може да се пријават и настани кои не претставуваат ризик, но кои, доколку не се отстранат, може да влијаат на безбедноста на воздухопловството.

Што не треба да се пријави?

Овој систем за доброволно пријавување не е за поплаки поврзани со услуги на клиенти, бучава или поплаки поврзани со одредени авиокомпании, аеродроми итн.

Начин на известување

Пријавувањето се врши со пополнување на онлајн формуларот или pdf формуларот кој може да се испрати до АЦВ по пошта, факс или електронска пошта (Известување за настан – Контакт).

Online  ФОРМА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

 Pdf ФОРМА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Доверливост на податоците 

Податоците во поднесените пријави се доверливи и се достапни само на лицата вработени во АЦВ кои имаат достапност до податоците на подносителот. Сите податоци се внесуваат во базата на податоци и се од доверлив карактер и не се доставуваат надвор од АЦВ без претходна добиена согласност од подносителот.

Постапување со податоците од пријавените настани 

По приемот на пријавените настани, АЦВ ги разгледува податоците со цел да утврди дали постојат нови опасности по безбедноста или се повторуваат некои кои и порано биле увидени. Во зависност од безбедносните ризици кои се идентификувани се преземаат соодветни мерки. Превземените мерки кои се однесуваат на безбедноста и извлечените поуки се објавуваат во посебни извештаи на интернет страната на АЦВ, со цел подобрување на безбедноста во воздухопловството.

Skip to content