информации од јавен карактерПолитика на квалитет

Одлуката за усвојувањето на Системот за управување со квалитет преку имплементацијата на меѓународниот стандард ISO 9001:2008, за Агенцијата за цивилно воздухопловство значи примена во принципите за квалитет во сите сегменти од нејзиното работењето. Првата фаза од имплементацијата на стандардот за квалитет е завршена. Следува втората фаза, која ќе значи проверка од страна на овластенo меѓународно сертификационо тело и добивање на ISO Со примената на овој стандард, Агенцијата треба:

а) Да ја покаже својата способност на доследно вршење на услугите и обезбедување квалитет што ќе ги задоволи барањата на корисниците, барањата на стандардите, националните прописи и меѓународните стандарди,

б) Да покаже ефикасност од примената на системот и да обезбеди усогласеност помеѓу барањата на корисниците и барањата што произлегуваат од прописите, вклучувајќи ги процесите на постојано подобрување на Системот за управување со квалитет.

Директорот на Агенцијата, во согласност со определбата за постојано подобрување на квалитетот на работните процеси, а во соработка со највисокото раководство на Агенцијата ја дефинира Политиката за квалитет на Агенцијата, која ги содржи:

а) Целите на организацијата
б) Обврската за исполнување на барањата и постојано подобрување на Системот за управување со квалитет

Политиката за квалитет на Агенцијата произлегува од мисијата на Агенцијата и е дел од нејзината вкупна деловна политика. Основна цел на Политиката за квалитет е да ги регулира активностите на воздушниот транспорт во Република Северна Македонија, и да постигне безбедно, редовно, ефикасно, економски и еколошки одржливо цивилно воздухопловство, кое ќе биде во согласност со меѓународните стандарди и во интерес на сите учесници, а особено кон заштита на патниците.

За реализација на оваа Политика, Агенцијата ги превзема следните практики и активности:

а) Воспоставување на организирана структура со јасно дефинирани надлежности и одговорности, документирани процедури, надзор на Системот за управување со квалитет и преземање на мерки за негово постојано подобрување;

б) постигнување регулаторна ефикасност и ефективност преку постојан надзор над воздушниот транспорт и следење и примена на меѓународните стандарди и најдобри практики, но и да ги реализира целите преку континуиран развој на човечките капацитети;

в) Се стреми кон воведување и исполнување на стандардите за квалитет и нивна одржливост кон подобрување на регионалната соработка и зголемување на активното учество и соработка со меѓународните воздухопловни организации и ЕУ заради хармонизација на националната воздухопловна легислатива со воздухопловното право на ЕУ и стандардите на ICAO, со што ќе придонесе за воздржлив економски и општествен развој на Република Северна Македонија;

г) примена на процесниот пристап во работењето како единствен систем на меѓусебно поврзани процеси;

д) функционална и брза проточност на информации преку различни медиуми и веб страницата на Агенцијата;

ѓ) доследно спроведување на сите релевантни законски и други барања од областа на квалитетот, како и на друга домашна и меѓународна легислатива која се однесува на дејноста и процесите на Агенцијата;

е) одлучување врз основа на направени анализи на податоците и информациите од мерењата на перформансите на процесите, согласно барањата на Системот за управување со квалитет.

Политиката за квалитет е достапна на сите вработени во Агенцијата и на јавноста.

Добивањето на ISO стандардот за квалитет на менаџментот се врши во две фази: имплементација на стандардот, кое го прават консултантски компании, и надворешен „аудит“ односно проверка, која го прави овластена меѓународна стандардна куќа.

Skip to content