МРТ, 05.05.2010

 

Воздушното пространство над Шкотска и Северна Ирска е затворено од шест часот по Гринич денеска заради висока концентрација на вулканска пепел во атмосферата.

Соопштението беше дадено од британски орган за регулирање на цивилни летови. Засега не е јасно колку време ќе трае забраната. Прогнозите на британските синоптички служби укажуваат дека „густината на вулканската пепел во атмосферата над Шкотска и Северна Ирска е над концентрацијата што е определена како безбедна од производителите на авионски мотори“, се вели во соопштението.

Според метеоролошките служби, многу веројатно е облакот со пепел да се придвижи во јужна насока што може да засегне попладнето аеродроми во северозападна Англија и северен Велс.