Скопје, 11.05.2011

 

Почитувани патници,

Ве известуваме дека на 4 мај 2011г. Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија издаде одобрение бр. 10-1/140 за вршење нередовен јавен воздушен превоз на холандскиот авиопревозник Corendon Dutch Airlines во периодот од 16 мај до 18 октомври 2011г. на линијата Амстердам – Охрид – Амстердам како што следи:

– од 6 мај до 14 октомври 2011г. ден 5 – петок;
– од 10 мај до 18 октомври 2011г. ден 2 – вторник;
– 23 мај 2011г. ден 1 – понеделник;
– 30 мај 2011г. ден 1 – понеделник;
– 2 јуни 2011г. ден 4 – четврток
– од 17 јуни до 2 септември 2011г. ден 5 – петок

На овој начин се отвори можност за развој на туризмот во нашата земја што е во интерес на патувачката јавност и на економијата во целост.

За повеќе информации:

www.corendon.nl