27.03.2014

 

ИзворВечер

http://www.vecer.com.mk/

ПОВЕЌЕ ЛЕТОВИ СО ЛЕТНИОТ РЕД НА ЛЕТАЊЕ

Со летниот ред на летање што треба да стапи во сила во недела (30 март) Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) одобри 141 лет неделно, за 16 повеќе во однос на летната сезона во 2013, изјави за МИА директорот на АЦВ, Дејан Мојсоски. Нова авиокомпанија со одобрение од АЦВ е “Ал Италија” која ќе оперира од мај со седум лета неделно на релацијата Скопје-Рим.

Од аеродромите  ”Александар Велики” во Скопје и ”Апостол Павле” во Охрид, во редовниот сообраќај ќе бидат вклучени 14 авиопревозници, со директни авио врски со 25 дестинации (Виена, Белград, Загреб, Истамбул, Љубљана, Цирих, Лондон, Малме, гетенбург, Ајнхомен, Дортмунд, Мемингем, Базел, Венеција, Стокхлом, Брисел, Париз, Келн, Милано, Франкфурт, Рим, Берлин, Брисел, Цирих и Дубаи).

Најголем пораст, за 18 лета повеќе  во однос на летото во 2013, има авиокомпанијата Виз ер, на релациите Скопје – Брисел, Париз – Скопје, Келн – Скопје, Франкфурт – Скопје и Милано – Скопје. Германија флугеселшафт ќе има два лета повеќе во однос на минатата година на релацијата Скоје- Берлин. И Џетер флај има еден лет повеќе, односно ќе лета четири пати на релациите Брисел  – Скопје, Скопје – Брисел, Бресел – Охрид и Охрид- Брисел.

АЦВ ги одобри и чартер летовите, но за нив бројката не е конечна.