01.10.2014

 

Ми преставуваше огромно задоволство да земам учество на работилницата. Учесниците беа на еднакво рамниште и меѓу себе комуницираа на еднакво ниво. Мешавината на учесниците во групата беше внимателно одбрана и ми преставуваше вистинско задоволство да се запознам со голем број на обвинители од околните земји. По воведното обраќање од страна на Директорот, јас имав можност да го опишам холандскиот пристап кон Културата на правичност. На почетокот изнесов обемни заклучоци на холандскиот кривичен закон и можностите за отфрлање на обвинение по принципот на спречување на кривичните дела, а воедно дадов и преглед на Култура на правичност.

Од голема важност за време на Работилницата беше и можноста дадена од страна на организаторите за размена на податоци со останатите учесниците како и осознавањето на останатите системи и докажани искуства кои веќе добро функционираат. За време на работилницата имаше доволно можности за да се разговара на одредени теми а исто така и меѓусебно неформално запознавање.

Според мое мислење работилницата која се одржа во Охрид, Р. Македонија преставува огромен успех. Посебна благодарност од моја страна упатувам до г-ѓа Катерина Грамосли. Таа успешно ја заврши својата работа, беше одличен домаќин и пред се е многу пријатна личност за соработка.

г. Фред Билсма
Постар обвинител
Холандија
Меѓународен воздухопловен обвинител


Регионалната работилница  за Култура на правичност во Охрид е дел од серијалот кој што започна минатата година. Меѓутоа со оглед на учеството и организацијата, нивото на сите идни работилници е подигнато на многу висок степен. Од страна на организаторот сé совршено се вклопуваше со што им се овозможи на учесниците да се сосредоточат на темата, а која беше дијалогот  помеѓу претставниците од правосудството (т.с. обвинителите) и експертите за воздухопловна безбедност. Со учество на претставници од четирите земји како и многуте обвинители на самиот состанок, беше поставена одлична атмосфера за дебата.

Уште повеќе преубавата местоположба на Охридското Езеро, можноста да бидеме заедно во текот на два дена, топлиот пречек од страна на организаторите и беспрекорната логистика ги поттикна учесниците на дијалог, да разговараат неформално и да ги разменат идеите, а сето тоа се однесуваше на темата и на мандатите кои секој од нив ги поседуваше, доведувајќи до подобрување на односите. Ова на сите им овозможи на крајот да постигнат консензус и да заклучиме дека имаме една заедничка цел ,а таа е дека можеме да работиме заедно.

Посебна благодарност упатувам кон главниот организатор на овој настан, г. Дејан Мојсоски, кој што беше иницијатор на настанов и доведе до негова беспрекорна реализација а воедно покажувајќи ја посветеноста на АЦВ како домаќин е и со самото негово присуство на отворањето на работилницата. Меѓутоа, сето ова немаше да биде можно без неуморниот придонес на г-ѓа Катерина Грамосли, која не штедеше напор пред и за време на работилницата а се со цел да обезбеди совршена организација покажувајќи се како прекрасен домаќин.

Ви благодарам на сите. Ова е настан кој што е тешко да се следи но ние сме спремни да го оствариме тоа.

г. Раду Чипонеа
Виш експерт за безбедност на ЕУРОКОНТРОЛ,
Workshop Chair
EUROCONTROL Just Culture Programme Lead
Senior Safety Expert