13.11.2015

 

Нова информатичко технолошка опрема, на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и донираше Турската интернационална Агенција за соработка и развој (ТИКА),

Донацијата, на директорот на македонскиот регулатор во воздушниот сообраќај, г -дин Горан Јандреоски, денеска официјално му ја предаде подпретседателот на ТИКА, г –дин Али Маскан.

На состанокот по повод примопредавањето на донацијата, покрај делегациите од ТИКА и АЦВ, присуствуваа и високи преставници од Министерството за транспорт и врски.

Изразувајќи голема благодарност за добиената информатичко технолошка опрема, директорот на АЦВ, Јандреоски, посочи дека истата е од огромно значење, за зајакнувањето на капацитетите и функционалноста на Агенцијата за цивилно воздухопловство, кои ќе значат, зголемување на ефикасноста, брзината и квалитетот во услугите кои АЦВ, им ги нуди на своите клиенти.

Едновремено, додаде Јандреоски, ќе го подигне и нивото на техничка опременост на македонскиот регулатор на воздушниот сообраќај, како интегриран дел од современата европска техничко-технолошка  воздухопловна мрежа.

-Техничката помош која ја добивме денес од нашите ценети пријатели од Турската интернационална Агенција за соработка и развој (ТИКА), преставува и чекор напред во веќе етаблираните македонско-турски пријателски релации, востановени во повеќе сфери во општествените движења во двете земји, рече Јандреоски.

Како исклучително важна тој ја истакна и високо квалитетната соработка и поддршката која ја си ја даваат во серија проекти и активности воздухопловните власти на Република Македонија и Република Турција.

Според Јандреоски, досега пак, реализираните проекти во Република Македонија во областа на медиумите, образованието, здравството, развојот на земјоделството, финансиите, туризмот и индустријата, се одраз на дополнителниот напор кој го вложува ТИКА, за зајакнување на институциите и врските меѓу двете земји.

-ТИКА е еден од мостовите кои овозможуваат унапредување на односите и соработката меѓу двете пријателски земји – Македонија и Турција. Tурската агенција за координација и соработка придава особено значење на зближување на земјите преку конкретна техничка соработка,“, подвлече во оваа прилика подпретседателот на ТИКА, г -дин Маскан.

Тој ги изрази личните импресии од Република Македонија, во која, како што нагласи не се чувствува како странец, туку напротив, ја доживува како исклучително блиска земја, со богато минато, култура, традиција, бидејќи, четири годиним заедно со своето семејство живеел во Република Македонија

Г дин Маскан, изрази надеж дека поддршката на највисоко ниво ќе придонесе кон натамошно успешно спроведување на целите и агендата на ТИКА, како и подготвеност за тесна и блиска соработка со сите институции во Република Македонија кои би имале придобивки од реализацијата на заедничките проекти.

ТИКА е институција за технички развој и соработка на Претседателството на Република Турција формирана во 1992 година како составен дел на Министерството за надворешни работи на Турција. Во 2001 година Администрацијата станува дел од претседателството на Владата на Турција и се раководи од назначен министер. Во 2011 година името е сменето во Претседателство на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА.

Присутна е и функционира во 38 земји со 41 канцеларија за програмска координација.

ТИКА во Македонија е присутна и функционира  од 2005 година со Канцеларија за програмска координација и е акредитирана како дипломатско представништво.