10.07.2016

 

Во оганизација на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, на 21.06.2016 година во Меморијалниот центар Никола Кљусев во Скопје се одржа јавна дебата, посветена на изготвувањето на новиот правен акт “Уредба за условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонскиот воздушен простор.

Целта на јавната дебата, на која учество земаа, преставници, на воздухопловната индустрија во земјава, како и голем број граѓани, преставници на спортски организации, правни субјекти…, беше да се приберат, што е можно повеќе информации, предлози и сугести, преку кои како надлежна институција, ќе можеме поквалитетно и оперативно да изготвиме правна регулатива, која ќе овозможи безбедно и кооперативно оперирање со воздухоплов без екипаж во македонскиот воздушен простор. Сето ова, во функција на безбедноста во воздушниот сообраќај, но и во заштитата на имотот и лицата, нивната приватност…

Постапувајќи по задолжението од Владата на Република Македонија, за  регулација на  условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонскиот воздушен простор, Агенцијата за цивилно воздухопловство, изготви нацрт правен акт, кој е во  согласност со позитивното домашно законодавство, врз основа на меѓународните искуства, стекнати на официјални состаноци организирани од меѓународните воздухопловни организации (EASA – European Aviation Safety Agency, ICAO – International Civil Aviation Organization, EUROCONTROL и т.н), но и како и резултат на размената на информации со воздухопловните власти од регионот и ЕУ.

Нацрт правниот акт, беше презентиран пред приустните на јавната дебата, по што започна дискусија, изразена низ прашања сугестии, предлози и мислењата, кои се од исклучително висок интерес за АЦВ како надлежно регулаторно тело на цивилното воздухопловство во земјава, во поставувањето на темелите на Уредбата, кој ќе овозможи квалитетно, безбедно, фунционално и регулирано користење на воздухоплов без екипаж во македонскиот воздушен простор во согласност со позитивните домашни законски акти.

На барање на присутните на денешната дебата, АЦВ, го пролонгираше терминот за доставување предлози, сугестии и забелешки на нацрт текстот на Уредбата до 9 јули 2016 година, по што надлежните, ќе преминат кон официјализирање на содржината на Уредбата, како правен акт кој ги уредува условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонскиот воздушен простор.

Еве за кои прашања најмногу се интересираа присутните на денешната двочасовна дебата:

1.Дали со новата Уредба може да се поделат спортските од комерцијалните активности на користење воздухоплови без екипаж?

2.Дали може да се олесни узовот на батерии, кој во моментов е строго контролиран и усклуќително ригорозен од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање?

3.Дали може телефонски или преку маил да се најавуваат активностите кои планираат да ги реализираат корисниците на дронови?

4.Дали може да се скрати периодот за најава за користење на дрон од 3 дена на 24 часа?

5.Каква ќе биде обуката за оперирање со дронови и кој ќе ја реализира истата?

6.Што со оние лица кои ќе добијат лиценца за оперирање со дрон во градска средина, ќе снимаат од комерцијални причини, а прв пат се соочуват со управување со  беспилотни летала?

7.Дали прво треба да се побара дозвола за управување со дрон или прво да се набави беспилотно летало?

8.Што значи лиценцирање на дронови?

9.Дали лиценците ќе бидат еднократни и трајни за операторот со дрон?

10.Доколку едно лице има две или повеќе беспилотни летала, дали треба и повеќе пати да посетува обука?

11.Што доколку правен субјект кој за комерцијални цели користи беспилотни летала има еден дрон, а повеќе пилоти?

12.Дали ќе се разликуваат обичните од комерцијалните лиценци?

13.Дали зад секој управувач на дрон, ќе треба да стои правно лице?

14.Каде ќе можат да се најдат материјали потребни за обуката на операторите со дронови?

15.Дали организаторот на спортски натпревар на стадион или друга зелена површина  треба да добие дополнителна дозвола од АЦВ за реализација на истиот?

16.Дали може да се евидентираат дроновите со персонален број, кој би значел еден сопственик, повеќе дронови?

17.Зошто на хоби летачите на дроновите им е забрането управување со истите во населени места?

18.Како ќе биде регулирано користењето на странски дронови во Република Македонија?

19.Зошто осигурителните компании не им дозволуваат на сопствениците  да ги регистрираат своите дронови, но и штета предизвикана од беспилотни летала кај  трети лица?

20.Дали може да се централизира пријавувањето на одредена активност со дрон во еден полициски центар, а не како што е во моментов, во најблиската полициска станица?

21.Кога ќе биде донесен Тарифник за користење на летала без екипаж?

22.Дали со новата Уредба ќе има ограничување за користење на термовизија за потребите на одредени компании?