02.04.2019

 

Вработените во Агенцијата за цивилно воздухопловство, денеска активно се вклучија во акцијата за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина.

За таа цел, беа исчистени патеката и зелените површини пред Агенцијата од отпушоци, пластична и хартиена амбалажа, а беа поставени и дополнителни корпи за отпадоци и информативни табли, со назнака ”Чиста животна средина за подобар живот” и “Не фрлај не загадувај”.

Вакви и слични активности, Агенцијата за цивилно воздухопловство планира да реализира, најмалку еднаш месечно, и со истите, има за цел, директно да влијае врз подигнувањето на јавната свест кај граѓаните и тие да се вклучат во зачувувањето на животната средина, која е наша, заедничка, една, единствена, и нејзината чистота, значи наше и подобро здравје на идните поколенија.