Безбедност

  • |

Главните регулаторни функции на Агенцијата за цивилно воздухопловство се однесуваат на обезбедување на безбедносно работење на субјектите на воздухопловната индустрија како и на безбедно одвивање на целокупното воздухопловство во Република Македонија.

Агенцијата за цивилно воздухопловство има регулаторни функции поврзани со безбедноста во сите области во воздухопловството односно летачки операции, пловидбеност на воздухоплови, аеродроми и навигација и се однесуваат на:

  • издавање на уверенија на субјектите на воздухопловна индустрија за обавување на некоја воздухопловна дејност во горенаведените воздухопловни области;
  • издавање на дозволи, овластувања или иверенија за стручна оспособеност на воздухопловен персонал;
  • овластување на организации и центри за обука на воздухопловен персонал;
  • овластување на здравствени установи или лекари поединци за да вршат здравствени прегледи на воздухопловен персонал;
  • иницијален и континуиран надзор на субјектите на воздухопловната индустрија;
  • испитување на воздухопловни инциденти со цел превенција на загрозувањата на безбедноста во воздухопловството;
  • преземање на казнени мерки против сторителите на прекршоци и повреди на одредбите од прописите од областа на воздухопловството.

Регулаторните функции на Агенцијата за цивилно воздухопловство поврзани со безбедноста произлегуваат од Doc.9734 – Safety Oversight Manual на ICAO и се дел од безбедносниот надзорен систем на Република Македонија.

ДОКУМЕНТИ:

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika