Аеродроми

  • |

АЦВ има регулаторни надлежности поврзани со безбедноста и сигурноста на воздухопловните пристаништа, леталишта, терени и аеродромските услуги.

·  Сертификација на аеродроми, леталишта и терени

·  Одобрување на аеродромски услуги

·  Одобрување на аеродромски програми за олеснување, програми за обезбедување, план за тековно и инвестиционо одржување на аеродромите и други планови, програми, прирачници, упатства и сл. за аеродроми и оператори на аеродроми,

·  Континуиран инспекциски надзор:

                 o   Инспекција на аеродроми и леталишта,

                 o   Инспекција на аеродромски служби и услуги, и

                 o   Инспекција на службите за обезбедување на аеродроми,                                 авиопревозници и други субјекти од дејствија на  незаконско постапување

·   Регистрација на аеродроми, леталишта и терени,

·   Издавање на согласности со услови за градба на објекти и планови од аспект на безбедност на воздушниот сообраќај.

·   Заштита на права на патници во воздушниот сообраќај

 Покрај основните работи, извршителите во секторот повремено се ангажираат како експерти на работи од домен и на други одделенија и сектори во АЦВ со решенија како членови или координатори на работни групи или комисии, од кои позначајни се следните активности

·   Лиценцирање на авиопревозници и други субјекти (дел – обезбедување),

·   Изработка на подзаконски акти и упатства од областа на воздухопловството,

·   Други комисии и активности поврзани со основните работи како аеродромските комитети за безбедност, обезбедување и за олеснување (на воздухопловните пристаништа),

·   Стручно усовршување на курсеви и учество на семинари, обуки, согласно програмата на АЦВ.

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika