Лиценцирање

  • |

Одделението за лиценцирање при Секторот за безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај во Агенцијата за цивилно воздухопловство е надлежно за лиценцирање на персоналот во воздухопловството и другиот стручен персонал.

Одделението за лиценцирање ги извршува следниве функции:

  • водење регистар за персоналот во воздухопловство и останатиот стручен персонал, овластени испитувачи и одобрени организации за обука;
  • изработка на обрасци и процедури за издавање, продолжување и обновување на дозволи и овластувања на персонал во воздухопловство и друг стручен персонал;
  • издавање, продолжување, обновување, промена, суспендирање и повлекување на дозволи/овластувања/уверенија/одобренија на персонал во воздухопловство и друг стручен персонал;
  • изготвување на Листа на воздухопловни стручњаци за спроведување на испити и проверки на персонал во воздухопловство и друг стручен персонал;
  • организација и спроведување на испити за проверка на стручната оспособеност на летачки персонал;
  • именување и овластување на испитувачи за спроведување на испити вештина и проверка на стручност за летачки персонал;
  • признавање на завршени обуки, програми за обука и положени испити; стекнати дозволи и овластувања во странство;
  • одобрување на програми за стручно оспособување на персонал во воздухопловство и друг стручен персонал;
  • издавање, продолжување, обновување и промена на Уверение за работа на центри за обука на персонал во воздухопловство и друг стручен персонал.

Агенцијата за цивилно воздухопловство издава дозволи/уверенија за  персонал во воздухопловство и друг стручен персонал.

Е-маил адреса на Одделението за лиценцирање
pel@caa.gov.mk

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Постапка за утврдување на листа на воздухопловни стручњаци за 2016 година

 

ДОЗВОЛИТЕ НА ПИЛОТИ НА АВИОНИ ЦЕЛОСНО ВО СОГЛАСНОСТ СО JAR-FCL 1

ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ТЕОРЕТСКИ ИСПИТИ ЗА ПИЛОТИ НА АВИОН ЗА 2017 ГОДИНА

ЛИСТА НА ИСПИТУВАЧИ/ЛИСТА НА СТРУЧЊАЦИ ЗА 2017 ГОДИНА

СПИСОК НА ДОЗВОЛИ И УВЕРЕНИЈА ЗА ПЕРСОНАЛ ВО ВОЗДУХОПЛОВСТВОТО КОИ ГИ ИЗДАВА АЦВ

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika