САФА инспекции на воздухоплови

  • |

Агенцијата за цивилно воздухопловство извршува САФА инспекции на воздухоплови на трети земји кои ги користат аеродромите во Република Македонија.

 САФА инспекцијата се спроведува согласно Законот за воздухопловство, Правилникот за начинот, правилата и посебните услови за вршење на инспекциски надзор на јавен воздушен превоз (Сл.весник на РМ 47/08 и 155/10), како и согласно Работниот аранжман помеѓу ЕАСА и Агенцијата за цивилно воздухопловство за спроведување на САФА инспекции.

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија таков договор прв пат потпишала на 14.12.2006 година. Новиот договор помеѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство и EASA е потпишан на 06.11.2013 година. Согласно договорот SAFA програмата има за цел воспоставување на систем кој опфаќа анализа, изведување на заклучоци и донесување на мерки со кои ќе се обезбеди висок степен на безбедност во воздухопловството, а кои во одредени ситуации можат да резултираат со тешки последици (мерки како што се забрана за влез во воздушниот простор на одредени авио-превозници или пак на сите авио-превозници од одредени држави).

-Договор помеѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство и ЕАСА (06.11.2013)

 

Инспектори од Агенцијата за цивилно воздухопловство овластени за вршење на САФА инспекции на воздухоплови од трети земји се:

 

Никола Тасев: ntasev@caa.gov.mk
Сашо Савевски: ssavevski@caa.gov.mk
Војо Дангубиќ: vdangubic@caa.gov.mk
Драган Китановски: dkitanovski@caa.gov.mk
Драги Стојаноски: dstojanoski@caa.gov.mk
Марина Т.Бучковска:mtasevska@caa.gov.mk
Ѓорѓи Иванов: GjIvanov@caa.gov.mk

 

 

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika