Вести

  • |

Скопје, 27.10.2016


Потпишан Меморандум за соработка меѓу АЦВ и ФЕИТ


Меѓусебна поддршка при инвестициски активности, обезбедување студентска пракса, давање препораки за вработување, развојно-истражувачки проекти преку соработка на експертски и професионални тимови, едукативни активности и континуирано образование на инженерско-технички кадар, се само дел од елементите, содржани во Меморандумот за соработка, кој денеска во Скопје, го потпишаа директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Горан Јандреоски и деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, (ФЕИТ) Димитар Ташковски.

Потпишаниот документ, според директорот на АЦВ, преставува значаен чекор напред во унапредувањето на соработката меѓу двете институции, но и солидна основа за мотивирање на студентите од факултетот, да влезат во натпревар на знаења и стекнување нови вештини и искуства, знаејќи дека нивниот труд солидно ќе биде трасиран, валоризиран и награден.

-Соработката меѓу АЦВ И ФЕИТ, преставува импулс повеќе во развојот на севкупните општествени процеси, кои налагаат, образование во функција на потребите на индустријата, но, и неопходност, знаењето да остане единствената моторна и мериторна сила, двигател на европски ориентираните перспективи на македонското општество, порача Јандреоски по потпишувањето на Меморандумот.

За деканот на ФЕИТ, Ташковски, потпишувањето на Меморандумот со АЦВ, значи зголемување на соработката и создавање услови за меѓусебна поддршка при реализација на нивните цели.

-Како Факултет соработуваме со многу институции и компании при реализација на нашите истражувачки, едукативни и образовни функции.Нашите студенти во иднина ќе имаат можност да реализираат пракса и во АЦВ, ќе работиме на развојно-истражувачки проекти преку соработка на нашите експертски и професионални тимови, секако и ќе обезбедиме континуирано образование на инженерско-техничкиот кадар. Иако досега сме соработувале со АЦВ, во иднина ќе ја продлабочиме меѓусебната соработка и преку размена на информации од заеднички интерес, одбележување на деловни, годишнини и јубилеи“, подвлече Ташковски.

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika