Вести

  • |

04.10.2017


Меморандум за соработка меѓу АЦВ и Правниот факултет “Јустинијан Први”


Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Горан Јандреоски и деканот на Правниот Факултет “Јустинијан Први”, Горан Коевски, денеска (02.10.2017 година) во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој двете институции се заложија за размената на искуства, знаења, едукација, литература и усовршување на кадри од областите во кои двете страни имаат кадровски и други потенцијали и  интереси.
Потпишаниот документ, отвора широко поле за соработка меѓу двете институции и во делот на изработка на заеднички истражувачки проекти во зависност од меѓусебниот интерес, но и во давањето поддршка во организацијата на работилници, научни собири, тркалзени маси и друг вид настани.
Правниот Факултет ќе биде отворен за соработка давање на стручни, научни мислења и овозможување стручни консултации во врска со спроведувањето на обуки и стручни усовршувања на вработените во АЦВ.
Агенцијата за цивилно воздухопловство пак,  е согласна нејзините кадри во зависност од меѓусебниот интерес да презентираат и изведуваат предавања на студентите од Правниот факултет, но е отворена и за соработка и изведување на практична настава на младите кои своето високо образование го заокружуваат на овој факултет..
Меморандумот за соработка стапува на сила, со денот на неговото потпишување.

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika