Вести

  • |

14.09.2017


Обраќање на др. Олимујива Бернард Алиу за доделувањето на Сертификатот од Претседателот на Советот на ICAO


Претседателот на Советот на ICAO, др. Олимујива Бернард Алиу, при чинот на доделување на Сертификатот од Претседателот на Советот на ИКАО во Скопје на директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Горан Јандреоски, пред присутните  порача дека, Советот на ICAO го основал овој Сертификат, како поткрепа на иницијативата на организацијата под мотото „Ниту една земја не е изоставена“.

Целта е, рече Алиу, што поотворено да се признаат глобалните активности и ангажмани насочени кон ефективна примена на стандардите и препорачаните практики од ICAO.

 -Овие сертификати им оддаваат признание на државите од секој регион на ICAO, кои достигнале значаен напредок при решавање на нивните недостатоци од безбедносниот надзор и унапредување на ефективната примена на стандардите и препорачаните практики од ICAO. Критериумите за квалификуваност кои се користат при ваквото признание се објективни и транспарентни и се базираат на резултатите од активностите кои се дел од Пристапот за постојано следење на Универзалната програма на ICAO за ревизија на надзорот на безбедноста. Врз основа на активностите на Република Македонија во 2016 година, чест ми е денес да ви го доделам Сертификатот од Претседателот на Советот, изјави Претседателот на Советот на ICAO, Алиу, при врачувањето на ова признание во Скопје.

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika