Вести

  • |

03.10.2018


Меѓународнa конференција за сообраќај и транспортно инженерство - Белград 2018


Од  27. до 28.9.2018. година во Белград се одржа 4тта Меѓународна конференција за сообраќај и транспортно инженерство, во организација на научно-истражувачкиот центар Сити Нет- Белград, Сообраќајниот факултет од Белград и Италијанската инжињерска комора.

На дводневниот состаок, беа претставени најновите истражувања на врвни експерти од патниот, железничкиот, воздухопловниот, водениот, поштенскиот и телекомуникацискиот сообраќај и логистика, од над 50 земји од светот.

Една од главните цели, на конференцијата беше размена на знаења и искуства на научниците од Србија со колегите од Европа и светот, во сферата на автоматизација на транспортните системи и дигитализацијата на процесите на транспортот за постигнување, иновативен и конкурентен европски транспортен систем на глобално ниво.

Агенцијата за цивилно воздухопловство на покана на директорката на конференцијата,  Оља Чокорило, преку свој претставник, зема учество со своја презентација во сесијата за Воздухопловните операции, на тема “Иновативни лидерски стилови и особини на идните генерации лидери”.

 

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika