Вести

  • |

05.10.2018


Собир на Европските воздухопловни лидери во Виена на Европскиот самит за воздухопловство


Висок преставник на Агенцијата за цивилно воздухопловство, присуствуваше на Европскиот самит за воздухопловство, кој од 3 до 4 октомври се одржа во  Виена, Австрија.

На Собирот на Европските воздухопловни лидери, предводен од комесарот на ЕУ, Виолета Булц, министрите за транспорт на Австрија, европратениците, високи претставници на воздухопловните власти од европските земји и пошироко и Европската комисија, тема на дискусија, беа перспективите, имплементација на “Стратегијата за развој на европското цивилно воздухопловство - 2015” та година, како и предизвиците со кои се соочува воздухопловниот сектор во Европа и пошироко.

На состанокот,  беа отворени и серија други прашања,  посветени на Договорите за  воздушен транспорт меѓу ЕУ и трети земји, а беа разменети и мислења и идеи од сферата на автоматизација на транспортните системи и дигитализацијата на процесите на транспортот за постигнување, иновативен и конкурентен европски транспортен систем на глобално ниво.

  

 

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika