Вести

  • |

09.02.2018


АЦВ и Цивилните воздухопловни власти на Сингапур потпишаа Договор за обезбедување на обуки во областа на воздухопловството


 

 

Директорите за Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и на Цивилните воздухопловни власти на Сингапур, Горан Јандреоски и Кевин Шум, на 07.02.2018 година, склучија Договор за обезбедување на обуки во областа на воздухопловството, како потврда на посветеноста на Сингапур за меѓународен напредок на цивилното воздухопловство и поддршка на иницијативата на ИКАО “Ниту една земја не е изоставена“.

Цивилните воздухопловни власти на Сингапур, преку Воздухопловната академија, ќе подготвуваат и спроведуваат програми за обука како поддршка на развојот на воздухопловството во Македонија.

Заблагодарувајќи се на поддршката која сингапурските воздухопловни власти и ја даваат на Македонија, директорот на АЦВ, потенцираше дека, таквата поддршка е од особено значење од аспект на подобрување на квалитетот на знаење на вработените во АЦВ и стекнување на нови вештини и искуства од областа на воздухопловната безбедност, навигацијата, воздухопловното обезбедување, како и другите области кои се од исклучително значење за развојот на македонското цивилно воздухопловство.

-Би сакал уште еднаш да нагласам дека како Агенција за цивилно воздухопловство целосно сме посветени да ја оправдаме довербата која сингапурските воздухопловни власти ни ја даваат како партнери и соработници, и максимално сме подготвени да одговориме на предизвикот, кој значи,  давање на квалитетни услуги, и овозможување сигурен и безбеден воздушен сообраќај, на задоволство на воздухопловната индустрија и патувачката јавност “, подвлече Јандреоски

Осврнувајќи се на значењето на потпишаниот договор, директорот на Цивилните воздухопловни власти на Сингапур, Кевин Шум, потенцираше дека, тие со задоволство остваруваат соработка со цивилните воздухопловни власти на Македонија во подготовката на програмите за обука кои одговараат на потребите на АЦВ.

-Оваа соработка е во согласност со иницијативата „Ниту една земја не е изоставена“ на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство(ICAO). Истата ќе помогне во развојот на човечкиот капитал во воздухопловството во насока на унапредување на меѓународното цивилно воздухопловство,“ нагласи, Шум.

 

Со почит,

Агенција за цивилно воздухопловств

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika