Вести

  • |

12.03.2018


АЦВ изготви и усвои Стратегија за сајбер безбедност во цивилното воздухопловство


 Во духот на современите безбедносни  предизвици со кои се соочува глобалниот воздухопловен систем, Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, како регулатор на цивилниот воздушен транспорт во земјава, изготви и усвои Стратегија за сајбер безбедност во цивилното воздухопловство, како  суштински приоритет за заштита од новите закани и ризици по сајбер-просторот и унапредување на неговата безбедност.

Под сајбер заштитата на цивилното воздухопловство во Р. Македонија е вклучен воздушниот простор над Р. Македонија, навигациските објекти, опремата, услугите, аеродромите и воздухопловите.

 Имајќи ја во предвид, сериозноста и потребата, од сајбер-одбрана, како компатибилен дел од целокупната сајбер-безбедност, Агецијата за цивилно воздухопловство, се заложи за изготвување и усвојување на Стратегија, во која се сконцентрирани стандардите за сајбер безбедност во воздухопловството, мерките и активности за воспоставување на сајбер безбедносна култура, подигнување на свесноста за закани кај сите чинители во воздухопловниот сектор и пошироко, но ги дефинира, и начините и инструментите за обезбедување брз одговор при постоење на инцидент.

Стратегијата за сајбер безбедност, во својата содржина јасно ја дефинира и улогата на Агенцијата за цивилно воздухопловство и инспекцијата во поглед на сајбер безбедноста и ефективното управување со процедурите за сајбер безбедност кај субјектите во цивилното воздухопловство, но ќе генерира и правилници и конкретни сет на мерки кои треба да ги преземат останатите субјекти, усогласени со практиките на ECAC, ICAO и EC.

За да се постигне висок степен на доверба во безбедноста во цивилното воздухопловство во земјава, потребен е високиот степен на соработка меѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство и останатите чинители од воздухопловната индустријата, како и подготвеност, проактивно да одговорат на заканите во воздухопловството и да ја зајакнат отпорноста на сопствените системи од сајбер нападите.

Агенцијата за цивилно воздухопловство своето стекнатото знаење од областа на сајбер безбедноста, во престојниов период ќе го споподели со останатите субјекти во цивилното воздухопловство.

 

 

 

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika