Вести

  • |

30.05.2018


АЦВ продолжува со серијата работни средби со преставниците на воздухопловната индустрија во земјава


Агенцијата за цивилно воздухопловство  ја продолжи серијата на работни средби со преставниците на воздухопловната индустрија во земјава.

Имено, на вчерашниот состанок, (28.05.2018 година), во организација на АЦВ, на тема, безбедноста на летањето, во контекст на Националната програма за безбедност, дискутираа одговорните лица за безбедност во летањето од М НАВ, ТАВ, КИНСИВ и СОЗР во Владата на Република Македонија, како и претставници од Воздухопловната федерација на РМ, аеро-клубовите, клубовите со ултра лесни летала и Параглајдер/Змај клубовите.

На состанокот, беше направен и преглед на “Уредбата за принципите по кои се води истражувањето на несреќи, сериозни инциденти, инциденти и настани на цивилни и државни воздухоплови, како и начинот на нивното пријавување”, од 14 октомври 2010 година.

Покрај овие теми, на дневен ред  пред присутните, се најдоа и новите регулативи во воздухопловната сфера,како  изработката на анализи на ризици и настани.

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika