Вести

  • |

29.06.2018


Советот на ИКАО донесе одлука за пренамена на емисијата на јаглерод во воздухопловството


Советот на ИКАО, на својата 214 та седница, што се одржа во Монтреал, оствари значаен напредок во однос на главните меѓународни стандарди кои претставуваат основа за планираната временска рамка за Системот за пренамена и намалување на јаглеродот за меѓународното воздухопловство “CORSIA” на воздухопловната агенција на ОН.

​​Усвојувањето на првото издание на Анекс 16, том IV на Меѓународната конвенција за цивилно воздухопловство (Чикашка конвенција) се случува за помалку од две години откако 192те земји-членки на ИКАО постигнаа историски договор за CORSIA на 39то Заседание на Организацијата, што претставува прв договор за пренамена на емисиите во воздухопловството за кој било сектор на глобална дејност.

„Постигнувањето договор за овој нов том IV на Анекс 16 е од клучно значење за помагање на земјите и авиокомпаниите за операционализација на CORSIA во согласност со утврдените рокови“, нагласи претседателот на Советот на ИКАО др. Олумујива Бернард Алиу. „Ова особено се однесува на планот за следење, поднесување извештај и проверка (MRV) со кој детално се опишува што треба да се направи и од кого, започнувајќи со собирање информации за емисиите на јаглерод во меѓународното воздухопловство од страна на авиопревозниците почнувајќи од јануари 2019 год.

Претседателот Алиу забележа дека одредбите за MRV на CORSIA се тестирани пред нивното донесување, со поддршка на Владата на Германија и активно учество на шест дополнителни земји и 10 авиопревозници.

Исто така на состанокот на Советот беше одобрена новата верзија на Алатката за проценка и пријавување на јаглерод (CERT) за  CORSIA на ICAO, што претставува поедноставена алатка за следење и пријавување на емисиите на јаглерод од страна на малите оператори, а дополнителен договор беше постигнат за спецификите за Централниот регистар за CORSIA (CCR).

Идните активности на Советот поврзани со CORSIA ќе бидат насочени кон навремена реализација на останатите елементи за спроведување на CORSIA, вклучувајќи ја и евалуацијата на програмите за пазарот за јаглерод според строги критериуми, утврдувањето на подобните единици за емисии на јаглерод, како и на тоа кои воздухопловни горива ќе ги исполнат критериумите за одржливост на CORSIA.

„Беше остварен значителен напредок на глобално ниво за да се осигури дека овие Стандарди и препорачани практики за CORSIA можат да се усвојат во таква ограничена временска рамка, како и дека земјите и авиопревозниците ќе бидат подготвени да ги користат,“ наведе генералниот секретар на ИКАО др.ФангЛиу.

„ИКАО ќе продолжи активно да им помага на нашите земји-членки за овие и за други подготовки поврзани со CORSIA директно или преку партнерства за зајакнување на капацитетот за кои ќе им помогнеме да ги воспостават.“

Претседателот Алиу на крајот заклучи дека: „Воздухопловството сега не ги постави само своите цели за промена на климата, туку исто така и средствата за нивно постигнување. Напредокот кој е остварен денес е јасен показател на силната посветеност од страна на владите и авиопревозниците да го сведат на минимум идното влијание на меѓународното воздухопловство на глобалната клима.“
Донесувањето на Стандардите и препорачаните практики за CORSIA претставува надополнување на другите мерки во збирот на мерки вклучувајќи ја ефикасноста во воздухопловната навигација, донесениот стандард за сертификација на воздухоплови во однос на емисија на јаглерод, како и долгорочната визија за употреба на одржливи воздухопловни горива.

Република Македонија, како дел од проектот CORSIA, за прв пат во Европа, во март годинава во соработка со ICAO, беше домаќин на тридневен семинар на токму на оваа значајна тема за Примена на Системот за пренамена и намалување на јаглеродот за меѓународното воздухопловство”, како настан од исклучително висок интерес, како за македонското цивилно воздухопловство, така и за авиоиндустријата во  Европа и регионот. На состанокот,  учество земаа околу 120 преставници од над 55 земји од светот.

Со свое присутво, присутните на семинарот, ги уважија и министерот за транспорт во Европската унија, Хенрик Хололеј, генералниот директор на EUROCONTROL, Еамон Бренан.

 

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika