Вести

  • |

06.07.2018


На покана на АЦВ, се одржа неформален работен состанок на поранешните и актуелните директори на АЦВ, поранешното аеродромско претпријатие, М НАВ и ТАВ Македонија.


По повод одбележувањето на двата големи јубилеи, 25 години членство во ICAO  и 20 години членство на Агенцијата за цивилно воздухопловство во ECTRL, денеска, во Агенцијата за цивилно воздухопловство, се одржа неформален работен состанок на поранешните и актуелните директори на АЦВ, поранешното аеродромско претпријатие, М НАВ и ТАВ Македонија.

Заблагодарувајќи им се на честа која и ја укажаа на Агенцијата со своето присуство во  одбележувањето на овие значајни настани за македонското цивилно воздухопловство, директорот на АЦВ, Горан Јандреоски, на присутните им посочи, дека од исклучително значење за него лично и за Агенцијата е и  нивниот придонес во поставувањето на темелите и градењето на капацитетите на АЦВ, која низ годините, ја менуваше својата структурна форма, но суштината остана иста, формирање на современо респектибилно независно регулаторно тело надлежно за регулација и унапредување на цивилното воздухопловство во земјава, какво што во моментов е АЦВ.

-Како Генерален директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, ми преставува чест и задоволство заедно со Вас, да ги споделам и севкупните успеси и достигнувања кои во последните четири години и донесоа високи признанија и одликувања на компанијата, од нашите меѓународни партнери за цивилно воздухопловство.

Ве уверувам дека,  АЦВ, беше и останува доследна на својата мисија и визија, со квалитетни проекти, одлуки и  решенија, македонското цивилно воздухопловство да го интегрираме во високо профилираното европско семејство за  воздушен транспорт, порача Јандреоски.

На свеченоста, на поранешните и актуелните директори од воздухопловната индустрија во земјава, им беа врачени Благодарници за нивниот придонес во поставувањето на темелите и градењето на капацитетите на АЦВ, како и пригоден подарок, кој го симболизира воздухопловството како исклучително значаен сектор во развојот на современите европски ориентирани цивилизирани општетства.

 

 

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika