Вести

  • |

09.01.2019


Томислав Тунтев ја презеде директорската функција во АЦВ


Ве информираме дека, денеска (09.01.2019 год) со одлука на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, функцијата Директор на АЦВ, официјално ја презема Томислав Тунтев.

Позицијата директор на Агенцијата, во присуство на раководниот тим и вработените во АЦВ,  му ја предаде досегашниот директор, Горан Јандреоски.

На чинот на примопредавање на функцијата, Јандреоски го информираше колегата Тунтев, за досегашните резултати на АЦВ постигнати на домашно и меѓународно ниво, како и за ативностите кои и престојат на Агенцијата, за продолжување на трендот на напредок на институцијата, во постигнување на заедничката цел, креирање современ, европски етаблиран, еколошки одржлив, брз и ефикасен воздушен транспорт, респектибилен од меѓународните воздухопловни партнери од Европа и светот.     

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika