Вести

  • |

19.04.2019


Ликовен конкурс на тема: Воздухопловни летала на иднина во организација на АЦВ и МОН


Агенцијата за цивилно воздухопловство во соработка со Министерството за образование и наука, организираат ликовен конкурс на тема: Воздухопловни летала на иднина, на кој право на учество имаат, учениците од основните училишта во земјава.

Конкурсот е поделен во две категории и тоа,за Ликовната творба -право на учество имаат ученици од 7 до 12 години, и за втората категорија, Ликовна творба во 2-Д или 3-Д, со свои креативни дела,  може да учествуваат ученици од 13 до 15 години.

За првите три наградени ученици во двете категории, следуваат богати награди.

Со пропозициите за учество на Конкурсот, заинтересираните лица, може да се запознаат на следниот линк ЛИКОВЕН КОНКУРС

 Агенцијата за цивилно воздухопловство, ги охрабрува сите млади креативци од земјава да се вклучат во ликовниот конкурс, и со тоа да дадат својот придонес во изразувањето на личниот талент и визија, како гледаат на перспективите на македонското воздухопловство, гледано низ призмата на воздухопловните летала на иднината.

Повод за распишувањето на ликовниот конкурс од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство, во соработка со Министерството за образование е одбележувањето на 75 годишнината од постоењето на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), во чие чествување се вклучи и Агенцијата за цивилно воздухопловство, преку организација на серија од настани и активности.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika