Вести

  • |

16.04.2019


Потпишан Меморандум за соработка меѓу АЦВ и МТВ


 

 Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д-р Томислав Тунтев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство и Министерството за транспорт и врски.

Меморандумот за соработка меѓу двете институции предвидува меѓусебна поддршка при инвестициски активности и проекти од областа на воздушниот сообраќај и транспорт, давање препораки и насоки за имплементација на меѓународните воздухопловни стандарди и препораки и нивно транспонирање во националната легислатива. Со Меморандумот, исто така, предвидено е поттикнување на развојно-истражувачки проекти преку соработка на експертски и професионални тимови, поддршка на активности за континуирано стручно усовршување и обука на воздухопловниот персонал, помош во стручната едукација на инженерско-техничкиот и останатиот стручен воздухопловен персонал, координиран и усогласен заеднички настап пред сите релевантни меѓународни воздухопловни организации и здруженија. Со Меморандумот двете страни се обврзуваат на заедничка соработка за организација и учество на домашни и меѓународни манифестации, работилници, симпозиуми, семинари, форуми, конгреси и други настани што ќе придонесат за развој на воздухопловните активности и популаризација на воздухопловството во државата и сл.

Тунтев и Сугарески го оценаа потпишувањето на Меморандумот како применлива рамка за продлабочување на меѓусебната соработка и одржлива основа за континуирано подобрување на условите за меѓусебна поддршка при реализација на заедничките цели. Меморандумот за соработка ќе значи и понатамошна посветеност на двете институции при изготвување и поднесување на одредени предлози на законски и подзаконски акти во надлежност на Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за цивилно воздухопловство.

 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika