Вести

  • |

18.04.2019


Средба меѓу делегации на Агенцијата за цивилно воздухопловство и Француската дирекција за цивилно воздухопловство


Во рамките на иницијативите за продолжување и продлабочување на соработката со цивилните воздухопловни власти на земјите-членки на Европската унија вчера во Скопје се одржа средба меѓу делегациите на Агенцијата за цивилно воздухопловство и Француската дирекција за цивилно воздухопловство.

На средбата беа презентирани активностите од областа на меѓународната соработка на двете цивилни воздухопловни власти. Воедно, беа разгледани можностите за подобрување на меѓусебната соработка во областа на обуката на вработените во Агенцијата за цивилно воздухопловство преку искористување на можностите кои ги нуди Францускиот универзитет за цивилно воздухопловство (ЕНАК),како дел од своите врвни програми за обука на професионалци од областа на воздухопловството.

 

 

 

 

 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika