Вести

  • |

03.04.2019


Средба на македонските и грчките цивилни воздухопловни власти во Скопје


Во рамки на востановената практика за воспоставување, одржување и продлабочување на меѓусебната регионална соработка, за прв пат се одржа средба на претставници од македонските и грчките цивилни воздухопловни власти на највисоко ниво. Првите луѓе од двете агенции за цивилно воздухопловство средбата ја остварија во просториите на АЦВ во Скопје.

Гостите од Грција, највисоките претставници од грчкиот воздухопловен регулатор и од грчкиот давател на навигациски услуги, ја потенцираа нивната подготвеност за почеток на конкретни активности и развојни проекти, во рамки на воспоставената билатерална соработка помеѓу двете држави. На средбата беше истакната и потребата за продлабочување на меѓусебната заедничка соработка помеѓу регулаторните тела во сферата на воздухопловството во регионот. Нашите претставници ги претставија проектите за коишто АЦВ очекува помош и поддршка од земјите во ЕУ во остварување на зацртаните цели и развојни планови. Исто така, беа потенцирани заедничките заложби за споделување на искуствата и позитивните практики за достигнување и исполнување на релевантните меѓународни стандарди и препораки од областа на безбедноста на воздушниот сообраќај и транспорт.

Соговорниците го потенцираа значењето од заеднички регионален настап и учество во работата на Eurocontrol, ICAO, ECAC, EASA и останатите меѓународни воздухопловни организации и здруженија. На средбите беше договорено да се воспостави меѓусебна соработка на експертите и стручните лица на оперативно и техничко ниво, во рамки на основната дејност на цивилните воздухопловни власти од двете земји.

 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika