Вести

  • |

08.05.2019


АЦВ на штанд со промотивни материјали на Мај Флај ќе го промовира јубилејот 75 години ICAO


Во рамки на одбележувањето на јубилејот 75 години од постоењето на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), Агенцијата за цивилно воздухопловство,  во соработка со воздухопловниот спортски клуб “РЦСК”, во сабота и недела (11 и 12 мај) со свои активности ќе се вклучи и ќе го поддржи четвртиот меѓународен собир за воздухопловно моделарство Мај Флај, што ќе се одржи на спортскиот аеродром Стенковец, во Скопје.

Јубилејното чествување на меѓународната организација ICAO, чија членка е земјава веќе 25 години, Агенцијата за цивилно воздухопловство на Мај Флај ќе го реализира преку делење промотивни материјали на својот штанд “75 години ICAO”.

Меѓународниот собир на моделари Мај Флај преставува исклучително важен настан за размена на искуства од ревијален тип, со презентација на радио-контролирани воздухопловни модели.

Настанот е од отворен карактер за сите заинтересирани граѓани, на кој, покрај промоцијата на сите категории на радио-контролирани модели, ќе се презентираат и достигнувањата на македонските моделари и пилоти, ќе се споделат нивните искуства, но и ќе бидат разменети искуства со меѓународните учесници во натпреварувачки и ревијални собири.

Во ревијалниот и натпреварувачкиот дел ќе земат учество голем број моделари и пилоти од земјава, Англија, Украина, Црна Гора и Србија.

За присутните на настанот предвидена е шоу програма со ревијални прелети на авиони, едрилици и хеликоптери од македонското спортско воздухопловство, како и богата културно-забавна програма.

На маргините на дводневниот настан Мај Флај на најуспешните натпреварувачи ќе им бидат доделени медали и уверенија.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika