Вести

  • |

14.05.2019


Директорот на АЦВ Тунтев се сретна со Македонците во EUROCONTROL


 

Во рамките на работната посета на EUROCONTROL во Брисел, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, др. Томислав Тунтев, иницира и оствари средба со дел од македонските граѓани кои се со работен ангажман во EUROCONTROL. На средбата учествуваа поголем број од постојано или привремено вработените Македонци во специјализираната организација за управување, контрола и безбедност на воздушниот сообраќај во Европа.

Директорот Тунтев ги информираше присутните колешки и колеги за актуелните активности и тековните проекти на АЦВ, за соработката со останатите деловни партнери од авидустријата и за идните планови за промоција и популаризација на воздухопловните активности во Република Северна Македонија. Сите учесници на средбата изразија целосна подготвеност и недвосмислена поддршка на промовираната идеја за воспоставување и развивање на континуирана меѓусебна неформална соработка во повеќе области, која ќе овоможи продлабочување на формалната соработка на субјектите од нашиот национален воздухопловен транспортен систем со EUROCONTROL. Тоа треба да придонесе за поголема сестрана поддршка и помош во реализацијата на зацртаните и планираните развојни воздухопловни проекти на македонското воздухопловство и за интензивирана и одржлива имплементација на меѓународните воздухопловни стандарди и препораки во националниот глобален воздухопловно-транспортен систем.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika