Вести

  • |

05.06.2019


Тимот од натпреварувачи на АЦВ постигна респектибилни резултати на Охрид трчаТ


Агенцијата за цивилно воздухопловство, како високо свесна и општествено одговорна институција, со изграден концепт да влијае врз поттикнувањето здрави животни навики, викендов активно се вклучи во третата по ред атлетска манифестација “Охрид трчаТ”.

Неповолните временски прилики, кои ја одбележаа трката од нејзиниот почеток до крај, нималку не влијаеја врз спортискиот дух, позитивната енергија и силниот мотив кај тимот од 6 учесници од АЦВ, кои се вклучија во трката на 5 и 10 километри, успешно да стигнат на финишот и да се вбројат во листата на високо респектибилни натпреварувачи вредни за почит.

Покрај учеството во натпреварувачката агенда, Агенцијата за цивилно воздухопловство, на најголемиот атлетски викенд, беше присутна и со свои штандови, на кои учесниците во натпреварот на патеката можеа да се освежат со вода, и на вториот пункт на градскиот плоштад, каде сите присутни посетители беа дел од промотивните активности на институцијата.

АЦВ и овој викенд, со своето присуство на една од најголемите спортско рекреативни манифестации во главниот туристички центар во земјава, уште еднаш покажа, дека гради имиџ на  институција со сериозна општествено развојна свест, во духот на визиите и целите на организаторот “Охрид трчаТ”, за развој на организираниот спортски туризам во земјава и зајакнување на партнерскиот однос меѓу спортот, заедницата и бизнис секторот. 

 

 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika