Вести

  • |

12.07.2019


Соопштение


Во врска со значителното задоцнување на летот број VAW6708 на релација Скопје – Хургада на ден 12.06.2019 год., Агенцијата за цивилно воздухопловство, како надлежно тело за заштита на правата на патниците во воздушниот сообраќај, оствари контакт со сите инволвирани субјекти и ги прибави сите релевантни информации.


АЦВ ги информира засегнатите патници дека, во согласност со одредбите од Законот за облигациони и стварно правни односи во воздушниот сообраќај (“Службен весник на Република Македонија” бр. 85/08, 148/11, 150/15, 10/15 и 173/15), со кој се транспонира Регулативата (ЕЗ) 261/2004 од 11 февруари 2004 год. за воспоставување на еднообразни правила за надомест на штета и помош на патниците во случај на одбивање да му се дозволи на патникот да се качи во воздухопловот заради превоз, откажување на летот и големо задоцнување на летот, можат да бараат соодветен надомест доколку сметаат дека не се испочитувани нивните патнички права.


Доколку се одлучат за тоа, патниците првично треба да поднесат барање за остварување на своите патнички права до туроператорот (туристичката агенција) преку која е организиран туристичкиот аранжман, или до стварниот авиопревозник Onur Air од Турција на една од следните e-mail адреси:
crm@onurair.com и msanli@onurair.com.


Подетални информации за заштита на патничките права можат да се најдат на оваа интернет страница.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika