Вести

  • |

19.08.2019


АЦВ го промовираше јубилејот “75 години ИКАО” на 16 тиот светски натпревар во параглајдерство


 

 

Агенцијата за цивилно воздухопловство, продолжува со промотивните активности, посветени на одбележувањето на јубилејот “75 години од постоењето на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство” (ICAO), чија членка е земјава веќе 25 години.

Во тој дух, но и во насока на промоција и поддршка на активностите кои ги практикува воздухопловната индустрија во земјава, директорот на АЦВ, д-р Томислав Тунтев, придружуван од членови на менаџерскиот тим, на покана на организаторот, Воздухопловната федерацијата на Македонија, присуствуваше на официјалното отворање на 16 тото светско првенство во параглајдерство кое се одржа во Крушево.

Во натпреварот во повеќе натпреварувачки дисциплини, учество земаа 150 параглајдеристи од 49 земји од светот.

Тим од вработените во Агенцијата, имаше чест да биде дел и од завршниот натпревар на Мечкин Камен и официјалната церемонија, на која беа прогласени победничките параглајдеристички тимови од Франција, Италија и Јапонија, што се одржа на плоштадот во Крушево.

Македонскиот параглајдерист Владимир Неделковски, на овој натпревар го освои своето досега најуспешно 14 то место.

Позитивната натпреварувачка атмосфера, исполнета со висок степен на адреналин и возбуда, на Мечкин камен, АЦВ, ги искористи, пред присутните гости и натпреварувачи, со низа активности, да го промовира јубилејот “75 години ICAO”, но и да сподели широк спектар на информации од делокругот на своето работење.

Достоинствено и во духот на чествувањето на јубилеј каков што заслужува светски респектибилната воздухопловна организација за воздухопловство, на јарболот на историскиот Мечкин камен, вработените од АЦВ, го истакнаа знамето на ИКАО.

Едновремено, АЦВ, со своето присуство на 16 тиот светски натпревар во параглајдерство, уште еднаш покажа и докажа дека е, доследен промотор на летачките спортови како начин на живеење, со кој граѓаните ќе можат активно да се вклучат во рекреативно адреналиски активности, но и да станат дел од современите европски трендови, за стекнување спортски навики за одржување здрав и еколошки квалитетен стил на живеење.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika