Директор

  • |

 

Со одлука на Управниот одбор на АЦВ, на 09.01.2015 година,  м-р Горан Јандреоски, МБА, е именуван за директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Г-дин Јандреоски за прв човек на АЦВ, доаѓа од позицијата менаџер за одржување во ТАВ Македонија, функција која ја обавувал од март 2010-тата година.

Дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” во Скопје, каде и магистрал во областа на елетротехниката и информациските технологии., со магистерскиот труд
насловен како: "Мерни инструменти во опремата за мерење коефициент на триење на полетно слетна патека.

Во 2013 година завршил и МБА за воздухопловство на Универзитетот Дунав во Кремс - Австрија.

Од 2015 тата до 2017 година, како стипендист на Акедемијата за авијација во Сингапур, Јандреоски својот едукативен развој, го надградува и со престижната Диплома за менаџмент во цивилното воздухопловство.

Од февруари до 12 декември 2014 година, како искусен лидер во својата област, бил назначен да работи на  проектот за Загребскиот интеренационален аеродром, во делот на имплементацијата на  аеродромскиот систем за светлосна сигнализација на полетно-слетна патека, проценка управувана од АДПМ и ТАВ за МЗЛЗ.

Во неговото професионално портфолио, има набележано серија на работни обврски кои ги обавувал на аеродромите во Скопје и Охрид, во делот на одржување на аеродромската инфраструктура, терминалните и административните згради на двете македонски воздушни пристаништа, хангарите, специјалната опрема, електричните кола, системите за ладење и имплементација на стандардите за еколошки одржлива животната средина.

Низ својата долгогодишна професионална кариера, Јандреоски, се стекнал и со низа на меѓународни сертификати во повеќе свери од професионалното работење.

Во 2017 тата година во Торонто, Канада успешно ја завршил обуката на Програмата за агилност. Во периодот од 2009 та до 2017та година, се стекнал со серија од серификати и признанија, во еминентни европски едукативни центри за воздухопловство, како што се EUROCONTROL, IKAO, EKAK, JAA-TO, EASA, ENAK, и други.

 Поседува и Сертификатот издаден од ТАВ Академијата за Услуга фокусирана кон клиентите, Diversity Management Crash Course – Certificate издадено од Term-Net- Интернационалната мрежа за терминологија пронаоѓач на European Diversity Management, Виена Австрија, Сертификатите ISO 9001:2008/ ISO 14001:2004/ ISO 10002:2004 издадено од Management System Solutions, Истанбул-Турција и за систем за управување со безбедноста (SMS) на аеродроми, издаден од AirEuroSafe, поддршка на имплементацијата на Европско заедничко небо договор за Западен Балкан во Тулуз Франција. Поседува и Сертификат за инспектор за национална безбедност на Аеродроми, издаден од
AirEuroSafe, поддршка на имплементацијата на Европско заедничко небо договор за Западен Балкан, Вилепинте, Франција, а го посетил и тренинг курсот за управување и оддржување на возилото тестер за коефициент на триење на писти.

Меѓународниот професионалниот ангажман во сферата на воздухопловниот сектор на   Јандреоски, е проширен и со неговото активно членство во Секторот за одобрување, во постојаната група на алтернативи, шеф на делегација во проширениот комитет (CER) во при EUROCONTROL.., како член на Техничко- оперативниот безбедносен Комитет на Европскиот Совет за ародроми (ACI Europe) во Брисел.

Од 2007 година до 2010 година, бил вработен во Јавното претпријатие за аеродромски услуги. Од 1995 до 1997 година, пак, професионално бил ангажиран како инжинер за информатика, во компанијата за дистрибуција на нафтени деривати “Макпетрол” во Скопје.
Професионален ангажман Јандреоски бележи и во компанијата ГАМА, во  Одделот за гасификација, бил активен учесник во преговорите со ЕБРД и консултант за гасификација на Р.М, а партиципирал и во изградбата на главниот цевковод.

Општествената и професионална одговорност на Јандреоски јасно ја профилираат позициите, член и ко-основач на Сојузот на Стопанските комори на Македонија, како и активното членство во Меѓународната хуманитарна организација Лазарус во Македонија. 

Широк дијапазон на активности, бележи и во други сфери на општественото живеење, како што се Претседател на Светскиот Веспа Kлуб Македонија со кој раководи од 2006 тата година, Претседател на BMW Мото Клубот Македонија од 2017 година и член на Светскиот Ферари клуб, формиран во 2000 тата година.

 

 

 

 

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika