Република Македонија

  • |

Република Македонија се наоѓа во централниот дел на Балканскиот Полуостров (југоисточна Европа) и има површина од 25.713 квадратни километри. Нејзиниот релјеф се карактеризира со големи и високи планински масиви меѓу кои се протегаат пространи долини и рамнини.

Речиси целат територија на Македонија се наоѓа меѓу 40. и 42. географска ширина и е транзитен регион меѓу средоземноморската и континенталната клима. Климата се класификува како преодна од континентална кон средоземноморска.

Население:
2.022.547 (податоци од пописот во 2002 год.)

Етнички групи:
Најголемиот дел од населението го сочинуваат Македонци (64,18%), потоа Албанци (25,17%), Турци (3,85%), Роми (2,66%), Власи (0,48), Срби (1,78%), Бошњаци (0,84%) и останати етнички групи (1,04%)

Државно знаме: жолто сонце со осум краци кои се шират кон рабовите на црвено поле. 

Јазик:

Службен јазик е македонскиот. Во општините во кои живеат етнички групи чија застапеност изнесува над 20% од вкупното население во општината како службен јазик, покрај македонскиот, се употребува и јазикот на таа етничка група.

 

Државна валута:

македонски денар (МКД)

Приближен курс: 1 евро = 61,1 денари; 1 УСД = 45,3 денари

 

Временска зона:

GMT+1

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika