Проект за поддршка на Агенцијата за цивилно воздухопловство-сообразност со Единственото европско небо

  • |

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија планира да воспостави регулаторна и организациска рамка која е во согласност со Единственото европско небо (SES) и да се усогласи со Фазата 1 од Спогодбата ЕЗВО, а исто така и со регулативите за SES кои се веќе транспонирани, националните регулаторни услови, регулативите од SES II, дурии ако во моментот не се целосно применливи, како и да се подготви за иден развој на регулативите за SES, не само во однос на транспозицијата, туку и во однос на надзорот кој треба да се врши од страна на АЦВ во согласност со овие регулативи.

Создавањето на сите предуслови, како и сообразувањето со истите како предмет на проектот Поддршка за Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија-сообразност со SES ќе се врши во неколку чекори и АЦВ за таа цел го ангажираше APAC.

Главните цели на проектот Поддршка за Агенцијата за цивилно воздухопловство-сообразност со SES се:

1) Анализа на сегашните институционални аранжмани во Република Македонија, споредба на аранжманите со најдобрите европски практики и давање препораки за подобрувања, каде што е потребно. Тука спаѓа воспоставувањето на регулаторен стандард за овој проект и за идните активности кои не треба бидат ограничени на тоа што е веќе задолжително, но треба да го вклучуваат тоа што ќе стане применливо доколку Република Македонија стане полноправен член на Европската унија.

2) Воспоставување на Програма за безбедност на државата вклучувајќи го и дефинирањето на применливата регулаторна рамка врз основа на целите и спроведувањето на Системот за безбедносно пријавување.

3) Надзор и прифаќање на промени на системот EATMN.

4) Зацврстување на капацитетот на АЦВ дополнително да ги спроведува законските прописи од SES.

 Исто така, во текот на овој проект ќе бидат земени предвид и следниве аспекти:

1) Подобрување на работните процедури на АЦВ во однос на условите на SES.

2) Воспоставување/ажурирање на одредена клучна документација во согласност со условите на SES.

3) Подобрување на знаењето на вработените од АЦВ во однос на регулативите за SES и нивните применливи услови.

4) Пренос на практични знаења и вештини во АЦВ.

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika