Проект за поддршка од EUROCONTROL за Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија

  • |

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија побара помош од EUROCONTROL за вршење на голем број на значајни задачи кои се поврзани со прашањата во врска со главниот предмет на соработка помеѓу двете организации.

Конвенцијата на EUROCONTROL гарантира поддршка на своите земји-членки. Поддршката која е побарана од АЦВ е во согласност со Политиките за поддршка на земјите на EUROCONTROL и соодветните задачи на Единицата за поддршка на земјите и регионални иницијативи.

Опфатот на поддршката на EUROCONTROL се однесува на сообразноста на правилата, регулативите и процедурите за надзор на АЦВ со спроведувањето на Единствено европско небо и остварувањето на идентификуваните подобрувања.

Целта е да се подобри квалитетот на надзорот и неговата усогласеност со законските прописи од SES при што ќе се обработат голем број на прашања со кои се соочува АЦВ. Главните цели на АЦВ се резимирани преку усогласеност со законските прописи за SES и унапредувањето на процесите и процедурите на Националниот надзорен орган.

Придобивката на проектот е да и се овозможи на АЦВ да го подигне степенот на сообразност со условите на ЕУ и ЕАСА. Крајната цел на проектот е да се поддржи Европската политика за воздушен сообраќај и да се усогласи Европската мрежа како што се бара со SES програмата.

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika