TAIEX Експертска мисија за проценка на сообразноста на националните прописи со правото на ЕУ во областа на воздухопловството

  • |

Од 14-17 декември 2016 год. во Скопје присуствуваа експерти од Италијанските воздухопловни власти кои ја спроведоа експертската мисија за проценка на сообразноста на националните прописи со правото на ЕУ во областа на воздухопловството. Целта на експертската мисија беше да се оцени статусот на усвојување и применување на правото на ЕУ од Анекс I на Спогодбата ЕЗВО, како и на правото на ЕУ усвоено по 2008 год. и кое не е дел од Анекс I на Спогодбата ЕЗВО и да се идентификуваат конкретните мерки кои треба да се преземат за да се постигне успешно транспонирање и спроведување на Спогодбата ЕЗВО, како и да се утврдат потребите за обука на вработените од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika