Права на патници

  • |

Почитувани патници, 

Авиопревозниците имаат законска обврска да Ве информираат за вашите права и каде да се жалите.

Имено согласно Законот за облигациони и стварно правни односи во воздушниот сообраќај (Службен весник на РМ 85/08) и преземените европски регулативи, од јануари 2009 година во Република Македонија се применува Регулативата на Советот и Европскиот Парламент (ЕЗ) 261/2004 за заштита на правата на патниците односно утврдување на заеднички правила за обесштетување и помош на патниците во случај на забранет влез на патниците во воздухоплов, откажување или големо доцнење на нивните летови.

Оваа регулатива е преземена согласно Мултилатералната спогодба за формирање Европска заедничка воздухопловна област која е објавена во Службен весник на Република Македонија - Меѓународни договори 27/2007. Законот за облигациони и стварно правни односи во воздушниот сообраќај (Службен весник на РМ 85/08) и преземената европска регулатива, на Советот и Европскиот Парламент (ЕЗ) 261/2004 за заштита на правата на патниците односно утврдување на заеднички правила за обесштетување и помош на патниците во случај на забранет влез на патниците во воздухоплов, откажување или големо доцнење на летови се однесува на сите летови изведувани од која било авиокомпанија од кој било аеродром во Република Македонија и на летови до аеродром во Република Македонија изведувани од која било авиокомпанија која има дозвола за работа издадена од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија. За дополнителна информација, Регулативата (ЕЗ) 261/2004 донесена од Европската унија се однесува на сите летови изведувани од која било авиокомпанија од кој било аеродром во ЕУ и на летови до аеродром во ЕУ изведувани од која било авиокомпанија од ЕУ. Список на Национални тела за спроведување во ЕУ и повеќе информации за правата на ЕУ патниците можат да се најдат подолу.


Патниците кои веруваат дека имаат валидна жалба против авиокомпанија во однос на забранет влез во воздухоплов, сместување во пониска класа, откажување или големо доцнење на даден лет прво треба таквата жалба да ја поднесат до авиокомпанијата што оперирала со тој лет. За таа намена може да се користи овој формулар. Ве молиме да чувате копија од овој формулар за Ваша евиденција.

 

Формулар за жалба на Република Македонија

 

Доколку во рок од 6 недели по приемот на жалбата, авиокомпанијата не успее да Ви даде одговор или, доколку не сте задоволни од нивниот одговор, овој формулар (може да се користи копија од оригиналната форма испратена до авиокомпанијата) треба да се испрати до:

Агенцијата за цивилно воздухопловство 
на Република Македонија,
Даме Груев 1, 
1000 Скопје,
Република Македонија.

Дежурен број за права на патници:
+389 78 497 330  

 


 

 Доколку инцидентот се случил при поаѓање од аеродром надвор од Република Македонија, може да стапите во контакт со Националното тело за спроведување на земјата-членка која е крајна дестинација на летот.
Доколку станува збор за земја-членка на Европската унија список на Националните тела за спроведување на жалби во врска со правата на патниците кои патуваат по воздушен пат можете да ги најдете подолу како и Формуларот за жалба пропишана од Европската унија.

Овој формулар за жалба треба да се користи само за случаи кои се однесуваат на инциденти при забранет влез во воздухоплов, сместување во пониска класа, откажување или големо доцнење на лет.

За сите други видови жалби, како што е побарување багаж, промени во распоредот на летање направени пред повеќе од 14 дена од датумот на Вашето патување или работи поврзани со билетот, тие, исто така, прво треба да се достават до авиокомпанијата за која станува збор. До колку не добиете, или не сте задоволни од добиениот одговор, за дополнителни консултации можете да ја контактирате Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија односно Националните тела за спроведување на земјите-членки на ЕУ.

Повеќе информации за правата на патниците можат да се најдат подолу:   

 

 

 

 

Леток

 

 

  Постер

 

 

 

 

 

 

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika