информации од јавен карактерАеродроми во Република Северна Македонија

Мрежата од аеродроми во Република  Северна Македонија се состои од:

  • Два аеродроми за меѓународен воздушен сообраќај:
    – Меѓународен Аеродром – Скопје и
    – “Св. Апостоп Павле” – Охрид
  • Пет спортски аеродроми со тревнати полетно-слетни патеки:
    – Скопје – Стенковец,
    – Куманово,
    – Штип,
    – Битола и
    – Прилеп, адекватни за сите типови на спортска авијација.
  • Две леталишта за авиони на стопанска авијација, кои вршат услуги главно за земјоделието и шумарството:
    – Логоварди (Битола)
    – Пеширово (Св.Николе)

Меѓународен Аеродром - Скопје

Според ИЦАО меѓународниот аеродром во Скопје е со референтен код  4D. Полетно-слетната патека е со должина од 2.950 м и ширина од 45 м, со патеки за возење   и платформа  која располага со 6 паркинг места (пред терминалната зграда) и16 паркинг места на оддалечената платформа. Истите се наменети за сите типови на воздухоплови, почнувајќи од генералната авијација, до воздухоплови со ИЦАО категорија  Е.

Аеродромот се наоѓа на 25 км оддалеченост од центарот градот, на надморска висина од 238 м и референтна температура на воздухот од +35 целзиусови степени (во Јули). Во текот на зимските месеци,особено во февруари, на аеродромот е зачестена појавата на смалена видливост поради сумаглица и магла.

ИЛС системот за слетување се користи како за CAT I, иако светлосниот систем е за прецизен приод за слетување CAT II.

Аеродром Св. Павле Апостол Охрид

Според ИЦАО меѓународниот аеродром во Охрид е со  референтен код 4D.

Полетно-слетната патека на аеродромот во Охрид е со должина од 2.548 м и ширина од 45 м. На пристаниШната платформа се обележани 8 паркинг позиции за воздухоплови од комерцијална авијација и 5 паркинг позиции за воздухоплови од генерална авијација.

Аеродромот е оддалечен 10 км од центарот градот, а се наоѓа на 700м надморска висина. Референтната температура на воздухот изнесува +29 целзиусови степени (во август).

Аеродромот располага со светлосен систем за прецизен приод CAT I.

Оператор на аеродромите

Оператор на аеродромите во Република Северна Македонија отворени за меѓународен воздушен сообраќај е “ТАВ МАКЕДОНИЈА” ДООЕЛ кој ги превзема аеродромите на 01 Март 2010 година од предходниот оператор АД “АЕРОДРОМИ НА МАКЕДОНИЈА”.
Контакт информации можат да се најдат на:
 https://www.airports.com.mk/  и на https://tavairports.com/

Skip to content