Агенцијата за цивилно воздухопловство има регулаторни надлежности поврзани со воздухопловните инциденти. Следењето на воздухопловната безбедност е составен дел и една од основните функции на Агенцијата и за таа цел има воспоставен систем за пријавување на настани во воздухопловството. Извршувањето на регулаторните функции опфаќа: организација на пријавувањето и испитувањето на инциденти во сите области од воздухопловството, надзор на воздухопловната индустрија за воспоставените процедури и систем за пријавување на несреќи и инциденти, анализа, евиденција, известување на воздухопловната индустрија и меѓународните организации за инцидентите и друго.

Уредбата 67/2023 (согласно Регулативата (ЕУ) 376/2014, Регулативата за имплементација (ЕУ) 2015/1018) се применува за известување, собирање, складирање, заштита, размена и анализа на безбедносни настани и преземање соодветни активности и мерки за ублажување или елиминирање на ризик. А Регулативата (ЕУ) 996/2010 во Уредбата се применува за истражување и спречување на несреќи и инциденти во цивилното воздухопловство.

ПРИЈАВУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИ НАСТАНИ

Главната цел на пријавувањето на безбедносни настани е да се олесни собирањето и размената на информации за реалните или потенцијалните безбедносни опасности и недостатоци и да се придонесе кон спречување на авионски несреќи без да се припишува вина или одговорност. Еден од најважните фактори за подобрување на безбедноста во воздухопловството е откривање на опасности кои под одредени услови можат да доведат до несреќа или сериозен инцидент.

Дадени се детални објаснувања за тоа кој има обврска да поднесе пријава за настан до надлежната воздухопловна власт, што треба да пријават организациите и поединците, како и кога треба да се пријави.

  • Дефиниција

“Настан” е секоја случка поврзана со безбедноста која го загрозува или која, доколку не се исправи или реши, би можела да го загрози воздухопловот, лицата во него или кое било друго лице и опфаќа, особено, несреќи или сериозни инциденти.

Има два начина на кои може да се пријави настан во Агенцијата за цивилно воздухопловство:

Skip to content