Воспоставување на Агенцијата  за  цивилно  воздухопловство

Потребата за воспоставување на Агенцијата за  цивилно  воздухопловство како цивилна воздухопловна власт во Република Северна Македонија е утврдена согласно ICAO Doc.9734 – Safety Oversight Manual.

Целта за воспоставувањето на Агенција  за  цивилно  воздухопловство  како цивилната воздухопловна власт е спроведување на регулаторните функции определени во 8те критични елементи од кои е составен безбедносно надзорниот систем во една држава опишани во ICAO Doc.9734.

Историјат на Агенцијата  за  цивилно  воздухопловство

Воздухопловната власт во Република Северна Македонија е основана во 1995 година со Законот за Дирекција за цивилна воздушна пловидба, како орган во состав на Министерството за транспорт и врски. Дирекцијата беше формирана за извршување како на регулаторните функции во воздухопловството така и на функциите поврзани со давањето на услуги на воздухопловна навигација.
Во 2001 година називот на воздухопловната власт се менува во Управа за цивилна воздушна пловидба без позначајни промени во нејзиниот статус и надлежности.

Со новиот Закон за воздухопловство во 2006 година, Управа за цивилна воздушна пловидба се трансформира и продолжува да работи како Агенција за цивилно воздухопловство.

Агенцијата за  цивилно  воздухопловство согласно Законот за воздухопловство има статус на самостоен државен орган надвор од Министерството за транспорт и врски, директно одговорен пред Владата на Република Северна  Македонија и не ги обавува функциите поврзани со давањето на услуги на воздухопловна навигација.

Во јуни 2009 година се спроведе целосно одвојување на функциите поврзани со давањето на услуги на воздухопловна навигација од Агенцијата за  цивилно  воздухопловство , за чие извршување беше формирано Акционерско друштво М-НАВ.

Во  мај 2010 година со  измените на  Законот за Воздухопловство ,Агенцијата за  цивилно  воздухопловство  се  трансформираше од самостоен орган на управата под Влада на Република Северна  Македонија во независно регулаторно тело со јавни овластувања, директно одговорно пред Собрание на  Република Македонија.

Агенцијата во  својата работа при донесување на  одлуките во  рамките на  своите овластувања е  целосно политички,финансиски и функсионално независна од друг државен орган,друго јавно правно лице или  трговско друштво што врши дејност од областа на воздухопловството и  е непристрасна  кон  нив.

Skip to content