информации од јавен карактерБезбедностОбезбедување во цивилното воздухопловство

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ЦИВИЛНОТО ВОЗДУХОПЛОВСТВО

  • Обезбедување во цивилното воздухопловство од дејствија на незаконско постапување (Aviation security) претставува збир на мерки и активности кои се комбинација на човечки и техничко-технолошки средства наменети за заштита на цивилното воздухопловство од дејствија на незаконско постапување. Овие дејствија на незаконско постапување (грабнување на воздухоплов, подметнување на експлозивна направа во воздухоплов или на аеродром, диверзија, саботажа и сл.) станаа особено актуелни по настаните од 11 септември 2001, по што уследија големи напори на глобалната заедница за унапредување на севкупните мерки и активности заради заштита на патниците, екипажите, аеродромскиот персонал и општата јавност од ваквите дејствија.
  • Во согласност со стандардите и препораките на ICAO, ECAC и EU, Агенцијата за цивилно воздухопловство има регулаторни и контролно-надзорни надлежности во однос на имплементацијата на мерките за обезбедување во цивилното воздухопловство од страна на субјектите на воздухопловната индустрија. Во тој контекст, преку донесувањето на Национални програми, Уредби, и други подзаконски акти се пропишани општите правила за обезбедувањето на аеродромите, авиопревозниците, давателите на услуги на воздухопловна навигација, регулирани агенти за карго и пошта, овластени набавувачи на залихи кои се носат за време на лет и др. субјекти, како и правилата поврзани за обуката на персоналот за обезбедување и сертификацијата на персоналот, како и правилата кои се однесуваат на контролата на квалитетот во примената на мерките.
  • Системот за обезбедување во цивилното воздухопловство од дејствија на незаконско постапување (Aviation security) е под постојан мониторинг од страна на овластени експерти/инспектори на ICAO, ECAC, како и експерти/инспектори на Европската комисија. По редовните и дополнителните проверки, од нивна страна е донесена оцена за висок степен на усогласеност со меѓународните стандарди и препораки.

II. СЕРТИФИКАЦИЈА И ОДОБРУВАЊА

  • Агенцијата во делот на обезбедувањето во воздухопловството врши сертификација и одобрувања на следните субјекти, и тоа:
      • Сертификација на аеродромски оператори (дел обезбедување),
      • Сертификација на авиопревозници (дел обезбедување),
      • Сертификација на давателите на услуги на воздухопловна навигација (дел обезбедување),
      • Одобрување на центар за обука на персонал за обезбедување и друг стручен персонал (дел обезбедување);
      • Одобрување на регулирани агенти за карго и пошта, и
      • Одобрување на овластени набавувачи на залихи кои се носат за време на лет.

III. ОДОБРУВАЊЕ НА ПРОГРАМИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

  • Агенцијата одобрува програми за обезбедување, програми за обука во обезбедувањето, процедури и планови за постапување во вонредни состојби, на следните субјекти од воздухопловната индустрија:
      • аеродромски оператори;
      • авиопревозници;
      • даватели на услуги на воздухопловна навигација;
      • регулирани агенти за карго и пошта,
      • овластени набавувачи на залихи кои се носат за време на лет, и
      • овластени центри за обука на персонал за обезбедување и друг стручен персонал.

IV. МЕРКИ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

  • Мерките за контрола на квалитетот на обезбедувањето се реализираат согласно Националната програма за контрола на квалитетот на обезбедувањето на цивилното воздухопловство, преку следните активности : целосна инспекција, инспекција, проценка; тестирање на обезбедувањето и безбедносна истрага. Овие активности имаат за цел проверка на инволвираните субјекти дали ефективно и правилно ги спроведуваат мерките за обезбедување на цивилното воздухопловство утврдени со законските и подзаконските акти кои регулираат оваа материја, и вклучуваат:
      • Мерки за контрола на квалитет на аеродромски оператори;
      • Мерки за контрола на квалитет на авиопревозници;
      • Мерки за контрола на квалитет на даватели на услуги на воздухопловна навигација;
      • Мерки за контрола на квалитет на регулирани агенти за карго и пошта;
      • Мерки за контрола на квалитет на овластени набавувачи на залихи кои се носат за време на лет, и
      • Мерки за контрола на квалитет на овластени центри за обука на персонал за обезбедување и друг стручен персонал.

V. ИЗВЕСТУВАЊА ЗА ПАТНИЦИ

  • Со цел на забрзување и олеснување на процедурите за безбедносен преглед на патниците и нивниот кабински багаж, како и тешкиот багаж на аеродромите во Р.С.Македонија, Агенцијата им препорачува и ги советува патниците да ја проучат и да се придржат на приложената “листа на забранети предмети“ – предмети кои не смеат да се превезуваат во кабината или во багажниот простор на воздухопловот.

VI. ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЗАБЕЛЕШКА ИЛИ СУГЕСТИИ

  • Заради воспоставување на систем на ефективна контрола на квалитетот на имплементирани мерки и контрола на системот за обезбедување, Агенцијата ги повикува патниците, екипажите на воздухоплови, аеродромскиот персонал и другите субјекти да ги пријават своите забелешки, и да достават сугестии на поштенската адреса (“Даме Груев“1, 1000 Скопје) или електронската адреса (dimeri@caa.gov.mk)

VII. ЛИСТА НА ОДОБРЕНИ СУБЈЕКТИ И ЛИЦА