информации од јавен карактерВоздухоплови без екипаж

10 НАЈВАЖНИ РАБОТИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ДРОНОВИ

  • Секогаш треба да се консултирате со Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) за упатствата и важечките прописи. До регулативите може да се пристапи на интернет страницата на АЦВ.
  • Ако  користите воздухоплов без екипаж во комерцијални цели или за сопствени потреби истиот треба да биде запишан во Регистарот на воздухоплови без екипаж кој го води АЦВ и да биде обележан со регистарска ознака, за што АЦВ издава Уверение за регистрација. Воздухопловот без екипаж од Класа 5 – која опфаќа воздухоплови без екипаж со  MTOW поголема од 150 кг., се запишува во Регистарот за воздухоплови на АЦВ.
  • Прочитајте го упатството за корисници темелно пред да ракувате со вашиот воздухоплов без екипаж.
  • Проверете го вашиот воздухоплов без екипаж  пред секој лет.
  • Воздухоплов без екипаж не може дирекно да надлетува или да лета на растојание помало од 50 метри од луѓе на отворен или затворен простор.
  • Воздухоплов без екипаж не може директно да надлетува или да лета на растојание помало од 100 метри од објектите од значење за безбедноста или објектите на државните органи.
  • Во зона на спортските аеродроми и леталишта е дозволено летање на воздухоплови без екипаж на висина до 1000 ft (300 метри) над терен и во радиус од 1км околу аеродромот само со одобрение на операторот на аеродромот/леталиштето и претходна најава на Контролата на летање за активности на воздухоплови без екипаж.
  • Во рамки на визуелна линија на видното поле, воздухоплов без екипаж може да оперира на максимално растојание од 500 метри хоризонтално и 100 метри вертикално од површината на земјата.
  • Не летајте во близина на аеродром. Останете најмалку 8 км (5 милји) подалеку.
  • Должни сте секогаш да го пријавувате летот на вашиот воздухоплов без екипаж на Апликацијата за летање со воздухоплов без екипаж. И запомнете дека сте далечински пилот и сте одговорни за безбедно летање и избегнување судири.

Почитувани,

Владата на Република Северна Македонија  донесе Уредба за условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонскиот воздушен простор (Службен весник на РМ, бр. 187 од 20.12.2017 година).

Согласно Уредбата, воздухопловите без екипаж потребно е да се регистрирани во Регистарот на воздухоплови без екипаж на Република Северна Македонија кој го води Агенцијата за цивилно воздухопловство.

За полесно да се одвива тој процес, во прилог ви ги доставуваме потребните информации, документи и барања за упис на воздухопловот во Регистарот.

Skip to content