Почитувани патници,

АЦВ е надлежно тело за заштита на правата на патниците во однос на летови од/до аеродромите во Република Северна Македонија.
Работите поврзани со заштита на правата на патниците поврзани со долго доцнење на лет, откажување на лет или забранет влез во воздухоплов, како и други права кои произлегуваат од прифатените меѓународни договори ги извршува нејзиниот Сектор за меѓународно правни работи, додека пак работите поврзани со заштита на правата на патници со посебни потреби и лицата со намалена подвижност во воздушниот сообраќај ги извршува нејзиниот Сектор за аеродроми и воздухопловна навигација.

Република Северна Македонија го има усогласено своето национално законодавство со правото на Европската унија кое се однесува на заштита на правата на патниците во воздушниот сообраќај, односно со ЕУ Регулативата 261/2004 за утврдување на заедничките правила за обесштетување и помош на патниците во случај на долго доцнење на нивниот лет, откажување на лет или забранет влез на патниците во воздухоплов, како и со ЕУ Регулативата 1107/2006 која се однесува на правата на лица со посебни потреби и лицата со намалена подвижност во воздушниот сообраќај.

Овие регулативи се преземени со Мултилатералната спогодба за формирање Европска заедничка воздухопловна област (ЕЗВО/ЕСАА) која е објавена во “Службен весник на Република Македонија” бр. 27/07 и 98/09 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 259/19.

ЕУ Регулативата 261/2004 е транспонирана во Законот за облигациони и стварно правни односи во воздушниот сообраќај (“Службен весник на Република Македонија” бр. 85/08, 148/11, 10/15, 150/15 и 173/15), а  ЕУ Регулативата 1107/2006 е транспонирана во Уредбата за мерките и процедурите за олеснување во цивилното воздухопловство (“Службен весник на Република Македонија” бр. 50/11, 36/13, 26/16 и 37/18).

Правата на патниците во воздушниот сообраќај во однос на нивниот багаж како и телесна повреда или смрт се регулирани со Законот за облигациони и стварно правни односи во воздушниот сообраќај (“Службен весник на Република Македонија” бр. 85/08, 148/11, 10/15, 150/15 и 173/15) и Конвенција за изедначување на одредени правила во врска со превоз по воздушен пат (Монтреалска конвенција) (“Службен весник на Република Македонија” бр. 25/00).

Skip to content