КУЛТУРА НА ПРАВИЧНОСТ
Главна цел на пријавувањето на безбедносни настани е спречување на несреќи и инциденти, а не припишување на вина или одговорност.
- Дефиниција
“Култура на правичност“ е култура во која не се казнуваат операторите на терен или другите лица за дејства, пропусти или одлуки кои се во согласност со нивното искуство и обука, но во која не се толерираат крајното невнимание, намерните прекршувања и деструктивните постапки.
Еден од клучните начини за успешно спроведување на Регулативата (ЕУ) 376/2014 е да се постигне „култура на правичност“ во средина на пријавување на настани во воздухопловните организации, регулаторите и истражните органи. Оваа ефективна култура на пријавување на настани зависи од тоа како организациите се справуваат со вината и казнувањето.
„Културата на правичност“ треба да ги охрабри поединците и организациите да пријавуваат информации поврзани со воздухопловната безбедноста. Меѓутоа, не треба да се ослободуваат поединците од нивните вообичаени одговорности. Во овој контекст, вработените и персоналот со договор не треба да бидат предмет на никакви предрасуди врз основа на информациите дадени во согласност со Регулативата (ЕУ) 376/2014.
Со цел да се подигне правичната културна свест, Ве охрабруваме да се погрижите сите лични податоци содржани во пријавите на настани да се избришат пред пријавите да бидат испратени до Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија.