ПочетнаУверение за исполнување на безбедносните услови за вршење на јавен воздушен превоз

Уверението за исполнување на безбедносните услови за вршење на јавен воздушен транспорт е сертификат издаден на претпријатие (оператор), со кој се потврдува дека операторот има професионална способност и организација да гарантира безбедно извршувањето на работите наведени во оперативната спецификација на сертификатот, како што е пропишано во релевантните одредби од Законот за воздухопловство.

Уверенијата за исполнување на безбедносните услови за вршење на јавен воздушен транспорт се издаваат во согласност со важечките одредби од Правилникот за летачки операции (Службен весник на Р.С. Македонија бр.283 / 2020), кој се заснова на Европската регулатива (ЕУ) 2018/1139 и нејзините правила за спроведување.

Образецот за апликација за издавање на Уверение за исполнување на безбедносните услови за вршење на јавен воздушен транспорт OPS-FRM-001 AOC Application form и сите обрасци поврзани со летачките операции може да се преземат од делот Обрасци за аплицирање и Листи за проверка и Изјава за сообразност.

За повеќе информации, сите оператори или апликанти за идни оператори можат да се обратат до МКД АЦВ на info@caa.gov.mk

© Copyright 2019. All Rights Reserved

Developed by Unet