Директор
Драги Стојаноски, директор на Агенција за цивилно воздухопловство
Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, донесе одлука за директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство да го именува, Драги Стојаноски, Раководител на секторот за воздушен сообраќај.
Стојаноски е роден во Скопје, на 14.02.1980 година.
Во своето професионално портфолио Стојаноски, бележи значајно искуство во сферата на воздухопловниот сектор, кое датира од 1998 година, со завршување на обука за пилот на параглајдер, а подоцна се стекнува со дозвола за пилот на едрилица. Континуираната воздухопловна едукација, Стојаноски, ја насочил кон стекнување на дозвола за пилот на Ултралесни авиони која ја надоградува со овластувања за инструктор и испитувач.
Првиот човек на највисокото регулаторно тело на цивилното воздухопловство во земјава, поседува и професионална дозвола за пилот на авиони со овластувања за летање во инструментални услови на повеќе моторни авиони. (CPL(A) ME/IR-ATPL-FROZEN)
Професионалата кариера во Агенцијата за цивилно воздухопловство, Стојаноски, ја гради од 2007, кога прв пат стекнува звање, воздухопловен инспектор во одделението за летачки операции. Од 2011 до 2015 година, застанува на позицијата раководител на Секторот за воздухопловна безбедност и сигурност, кој во август 2015тата година, се трансформира во Сектор за безбедност на летачки операции и воздухопловна навигација. На функцијата вршител на должноста директор на АЦВ, со одлука на Управниот одбор на АЦВ, застана од позицијата раководител на Секторот за воздушен сообраќај.
На 03.07.2024 година, Управниот одбор, и официјално му додели мандат, во престојните четири години, да управува со Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Паралелно со серијата раководни позиции на воздухопловниот персонал во АЦВ, Стојаноски од 2010 до 2019 година, како претседател именуван од Собранието на РМ, раководеше и со Управниот одбор на АЦВ. Во 2011 година, беше назначен и за Национален координатор за стандардизација и соработка со Европската агенција за воздухопловна безбедност (EASA).
Стојаноски, својата професионална едукација, ја градеше низ повеќе реномирани европски и светски едукативни центри, од областа на воздухопловството.
Во таа насока, во 2021 година се стекна и со Диплома за менаџмент со цивилното воздухопловство, во еден од најпрестижните светски едукативни центри од областа на воздухопловството, Сингапурската Академија за авијација.
Стојаноски, е сопруг и татко на две малолетни деца.
Биографија CV
e-mail: dstojanoski@caa.gov.mk