ПочетнаПРАВА НА ПАТНИЦИДолго доцнење на лет

Долго доцнење на лет

Доколку вашиот лет доцни над одредени временски рамки, вашиот авиопревозник е должен да ви достави информација на писмено во врска со вашите права како и за правото на згрижување. Временските рамки се следните:

  • За сите летови пократки од 1500км (краток превоз), доцнењето мора да биде подолго од 2 часа;
  • За сите ЕЗВО летови подолги од 1500км и сите останати летови помеѓу 1500 – 3500км (превоз со средно времетраење), доцнењето мора да биде подолго од 3 часа;
  • За сите летови подолги од 3500км (долг превоз), доцнењето мора да биде подолго од 4 часа.

Ако вашиот лет доцни повеќе од 5 часа (без разлика на должината на патувањето) и вие донесете одлука да не патувате, имате право на целосен поврат на вашите средства.

Што се подразбира под поимот “право на згрижување”? 

Правото на згрижување се состои од:

  • Оброк и пијалоци за освежување (во разумен сооднос со времето на чекање);
  • Хотелско сместување (кога преноќувањето станало неопходно);
  • Транспорт помеѓу аеродромот и хотелот (кога за тоа има потреба) и
  • 2 телефонски повици/факс/е-маил.

Доколку авиопревозникот не ви го обезбеди горенаведеното право на згрижување и принудени сте истото да го остварите во сопствен аранжман, треба да ги зачувате сите сметки бидејки ви следува надомест на разумно направените трошоци.

Компензација

По пресудите за случаевите C-402/07 and C-432/07 донесени од Европскиот Суд на правдата во 2009 година, имате право на компензација доколку пристигнете на вашата дестинација 3 или повеќе часа после предвиденото време на пристигнување освен во случаите каде авиопревозникот може да докаже дека доцнењето на летот било предизвикано од вонредни околности кои не можеле да се избегнат. Доколку помеѓу вас и вашиот авиопревозник настане спор за тоа дали постојат вонредни околности кои не можеле да се избегнат или за исплата на компензација, истиот треба да биде проследен до соодветното надлежно тело. Листата на надлежни тела на ЕУ е достапна овде.

Износот на компензацијата која се исплаќа зависи од растојанието на летот. Доколку летот е класифициран како:

  • Краток превоз, износот кој се исплаќа е 250 евра по патник.
  • Превоз со средно времетраење, износот кој се исплаќа е 400 евра по патник.
  • Долг превоз, износот кој се исплаќа е 600 евра по патник.

Како би знаеле дали вашиот лет е краток, превоз со средно времетраење или долг превоз?

За пресметување на растојанието на еден лет може да го користите методот ‘Great Circle’. Ова е вообичаениот метод користен во воздухопловниот сектор за да се пресмета растојанието помеѓу два аеродроми.

Следниот линк ве води до веб порталот на ‘Great Circle’ каде можете да го пресметате растојанието на вашиот лет согласно овој метод: http://www.gcmap.com/

© Copyright 2019. All Rights Reserved

Developed by Unet