ПочетнаПРАВА НА ПАТНИЦИСакам да поднесам жалба

Патниците кои веруваат дека имаат валидна причина за жалба против авиокомпанија во однос на долго доцнење на нивниот лет, откажување на лет, забранет влез на патниците во воздухоплов или сместување во пониска класа, прво треба таквата жалба да ја поднесат до авиокомпанијата што оперирала со тој лет.

Доколку патниците сметаат дека одговорот од авиопревозникот не е задоволителен или воопшто не добиле никаков одговор 6 недели од денот на испраќање на жалбата до истиот, тие можат да поднесат жалба до Агенцијата за цивилно воздухопловство на следниот формулар:

Формулар за жалба на права на патници

Агенцијата за цивилно воздухопловство е надлежна да постапува по жалба доколку настанот се случил при поаѓање на некој од аеродромите за меѓународен воздушен сообраќај во Република Северна Македонија со било која авиокомпанија или се случил при поаѓање на аеродром во трета земја (не ЕЗВО/ЕСАА земја) на летови на кои Република Северна Македонија е крајна дестинација под услов авиопревозникот да е од ЕЗВО/ЕСАА земја.

Доколку инцидентот се случил при поаѓање од аеродром во ЕЗВО/ЕСАА земја (сите земји на ЕУ, земји од Западен Балкан, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн) треба да стапите во контакт со Националното тело на таа ЕЗВО/ЕСАА земја, а доколку инцидентот се случил на аеродром во трета земја (не ЕЗВО/ЕСАА земја) тогаш треба да стапите во контакт со Националното тело на ЕЗВО/ЕСАА земјата која е крајна дестинација на летот под услов авиопревозникот да е од ЕЗВО/ЕСАА земја.

Подолу е даден список на Националните тела за постапување по жалби за заштита на правата на патниците во воздушниот сообраќај на земјите-членки на Европската унија.

Листа на национални тела за постапување

Патниците со посебни потреби или со намалена подвижност кои веруваат дека имаат валидна причина за жалба против одрдена авиокомпанија или аеродром во однос на правото на помош и асистенција, прво треба таквата жалба да ја поднесат до авиокомпанијата или аеродромот.

Доколку патниците сметаат дека одговорот од авиопревозникот или аеродромот не е задоволителен или воопшто не добиле никаков одговор 4-6 недели од денот на испраќање на жалбата до истиот, тие можат да поднесат жалба до Агенцијатa за цивилно воздухопловство на следниот формулар:

Формулар за жалба на патници со посебни потреби или со намалена подвижност

Жалба до Агенцијатa за цивилно воздухопловство може да се поднесе на:

Поштенската адреса:

Агенцијата за цивилно воздухопловство
Даме Груев 1,
1000 Скопје,
Република Северна Македонија

Електронска адреса:

За жалби поврзани со одбиен влез во воздухоплов, откажување на лет или доцнење: passengerrights@caa.gov.mk

За жалби од патници со посебни потреби или намалена подвижност: rbajrami@caa.gov.mk

© Copyright 2019. All Rights Reserved

Developed by Unet